co-op-facebook

Фото: Facebook

Британскиот синџир на супермаркети, East of England Co – op, започнува продажба на производи чиј рок е истечен, во обид да го намали непотребното фрлање на храна, пишува Evening Standard.co.uk.

Во супермаркетите ќе се продава конзервирана и сува храна по цена пониска за 10 пени. Во рамки на оваа кампања нема да се вклучи храна што е лесно расиплива.

“Голем дел од нашите клиенти знаат дека е во ред да се консумира таа храна и ја ценат можноста да направат значајна заштеда на некои од нивните омилени производи“, вели Роџер Гросвенор, главен извршен директор на синџирот супермаркети.

Официјалните податоци покажуваат дека во Велика Британија секоја година се фрлаат околу 7,3 милиони тони храна.

email