svetska-banka

Светска банка (СБ) за нашата земја проектира економски раст од 3,2% во текот на оваа година, покажува најновиот извештај Глобални економски перспективи за земјите од Европа и Централна Азија.

СБ за следната 2019 година прогнозира македонската економија да порасне за 3,9%,а 2020 година да ја заврши со економски раст од 4%.

Од земјите во регионот, во подобра позиција од Македонија се: Албанија – 3,6%, Бугарија – 3,9%, Турција – 3,5% и Косово 4,8%. На исто ниво со Македонија ќе биде економскиот раст на Босна и Херцеговина, додека помал раст од 3,2% ќе имаат: Хрватска -2,6%, Србија – 3% и Црна Гора 2,8%.

email