sweat-sealФото: Facebook

Sweat seal е специјална долна маица којашто не дозволува потта да се појави на облеката на нејзиниот корисник. Оваа маица физички ја апсорбира потта и ја претвора во пареа, со што не остануваат траги на облеката.

Дизајнот на оваа маица овозможува лесно да се прилагоди на било каков вид на облека без да се познава, туку само да ја извршува својата задача. Под пазувите е поставен материјалот што не дозволува потење и оставање траги од пот на облеката.

Зад sweat seal стои американски старт – ап што својот изум го претстави на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo. Првично побараа 15.000 долари финансиска поддршка, но на 24 дена пред крајот на кампањата sweat seal собра над 32.000 долари.

email