tarzan-robot

Фото: Youtube

Tarzan е робот што го дизајнираше тим научници од Универзитетот за технологија во Џорџија. Неговата главна улога ќе биде да “виси“ над земјоделските површини и да го следи развојот на насадите, пишува Wired.

“Единствениот начин да постигнеме високо ниво на производство на храна во иднина е да се вклучат роботите“, вели Џонатан Роџерс, асистент по машинство на Универзитетот.

Tarzan е систем од две роботски раце што ќе им помага на земјоделците да следат како напредуваат нивните посеви. Едната од роботските раце се држи за жицата поставена над нивата, додека другата преку камерата и системот за контрола ја завршува потребната задача.

Универзитетот планира да го користи Tarzan за академски испитувања на посеви со соја во Џорџија, САД.

email