tehnometal-vardar-1
Компанијата Технометал Вардар во првите шест месеци од 2017 година оствари загуба во висина од 188.518.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Вкупните оперативни расходи бележат голем пораст во однос на истите од минатата година, којшто се должи на продажбата на акции од страна на извршител, коишто компанијата ги поседуваше во други акционерски друштва, а кои акции се продадени со голема капитална загуба, од којашто произлегува и загубата од работењето на компанијата искажана во билансот на успех“, стои во Коментарот кон билансот на успех.

Технометал Вардар првото полугодие од минатата година го заврши со добивка од 26.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни 2017 година, достигнаа вредност од 83.517.000 денари. На домашен пазар се прокнижени приходи во вредност од 18.234.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата достигна ниво од 65.283.000 денари.

Основна дејност на компанијата е увоз – извоз, големопродажба, како и малопродажба на производи од железо и челик, електро и индустриски материјали, механизација и возила, хемиски, текстилни и прехранбени производи.

email