tehnometal-vardar

Технометал Вардар за следната 2017 година проектира добивка од 46.000 евра, покажува финансискиот план за работа и делување, објавен на Македонска берза.

“Појдовна основа за изготвување на плановите на Секторите, односно приходите и расходите по основ на продажба и услуги во компанијата, се расходите остварени во 2016 година, со тоа што во делот на приходите се предвидуваат реални приходи, коишто се очекува да се остварат, по основ на продажба и услуги, во текот на деловната 2017 година“, стои во финансискиот план.

Компанијата за следната година планира да оствари 1.098.000 евра приходи од продажба, додека проекцијата за расходите е 942.000 евра.

Технометал Вардар е компанија чија основна дејност е увоз – извоз, големопродажба, како и малопродажба на широк асортиман на производи од челик, електро и индустриски материјали, механизација и возила, хемиски, текстилни и прехранбени производи. Компанијата, исто така, нуди и услуги од областа на шпедиција и складирање, осигурување туризам и угостителство.

email