naslovna-1Жаклина Герасимовска, бренд менаџер на Tip of the Week

Првиот совет од низата Tip of the Week беше објавен пред седум години. Денес, покрај двете изданија во Македонија, прирачниците за личен развој имаат свои изданија и на српски и на хрватски јазик. Со ова Tip of the Week станува регионален проект, а прирачниците освен во Македонија, може да се најдат и во поголемите книжарници во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

“Tip of the week прирачниците се наменети за секој кој длабоко во себе верува дека може да направи нешто повеќе, да биде подобар, а притоа сака да учи од туѓите искуства, спремен е да преземе одговорност и да работи на подобрување на својот личен и професионален развој”, вели Жаклина Герасимовска, бренд менаџер на Tip of the Week.

БИ: Каков е концептот на прирачникот Tip of the Week? За кого е наменет?

Tip of the Week концептот се однесува на објавување на неделни совети секој четврток преку кои споделуваме информации, искуства и практични примери за реални ситуации со кои се соочуваме секојдневно без оглед дали е тоа на работа, со пријателите или најблиските.

Бидејќи сме преплавени во делот за личен и професионален развој со литература од различни странски автори, најчесто американски, нашата цел преку Tip of the Week концептот е да им понудиме на читателите една нова, свежа перспектива на успешни луѓе од Македонија и регионот која може да им помогне во подобрување на нивниот личен и професионален развој.

Иако на почетокот од развојот на Tip of the Week концептот и објавувањето на првите совети наидувавме на сомневање од блиски луѓе дека можеби концептот нема да успее, сепак денес, после седум години од објавувањето на првиот совет сме посебно горди што Tip of the Week покрај двете изданија на прирачниците во Македонија, има свои изданија и на српски и на хрватски јазик. Со ова Tip of the Week станува регионален проект, а прирачниците освен во Македонија може да се најдат и во поголемите книжарници во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Tip of the week прирачниците се наменети за секој кој длабоко во себе верува дека може да направи нешто повеќе, да биде подобар, а при тоа сака да учи од туѓите искуства, спремен е да преземе одговорност и да работи на подобрување на својот личен и професионален развој.

4

БИ: Секој неделен совет завршува со “Со успех во промените”. Што можете да ни кажете во однос на промените, од каде да почнеме? На што треба да се работи најмногу за личниот развој?

Tip of the Week#2 прирачникот го посветивме на промените зошто сега, како никогаш досега, треба да се менуваме ако сакаме да успееме. Звучи како клише и многу пати сме пишувале на оваа тема преку Tip of the Week советите, ама навистина за да се случи некоја промена мораме да почнеме од менување на себе си. Само тогаш кога ќе бидеме свесни дека треба да се менуваме, ќе можеме да преземеме иницијатива да промениме нешто кај себе. Секоја промена на почеток е тешка бидејќи бара време, енергија и многу работа. Затоа не мора да правиме револуционерни промени доколку не сме спремни да го преземеме ризикот од акцијата, туку да правиме еволутивни промени кои ќе се одразат долгорочно на нашиот развој. Идејата е само да не бидеме во статус кво состојбата и да чекаме некој друг да ја направи промената за нас. Пробувајте, грешете, паѓајте и пак обидувајте се додека не бидете задоволни од тоа што сакате да го постигнете.

БИ: Прирачникот е издаден и на српски јазик, а неодамна имаше промоција и во Хрватска. Каков е интересот во овие земји? Како поминува до сега? Која земја е следна?

Драго ни е што и таму полека се селектира читателска публика која ги препознава прирачниците и очекува нов Tip of the Week совет секоја недела. Дури прирачниците ги препознаваат како „малата жолта книгичка“ :). Од првичната идеја за објавување на неделни совети, денес прирачниците се продадени во тираж од повеќе од 20.000 копии во регионот, што за нас е навистина добар показател дека сме на добар пат и дека многу луѓе се пронаоѓаат во ситуациите кои ги опишуваме и советите кои ги нудиме. За да се доближиме и на тамошниот менталитет, во српското и хрватското издание додадовме и совети од успешни луѓе од регионот. Она што посебно нè радува е и што веќе неколку интернационални компании ги поддржаа прирачниците во нивното издавање и заедно реализираме кампањи преку кои им даваме дополнителна вредност на нашите читатели. Така, на пример во Хрватска во тек е кампањата на Tip оf the Week со сет производи од NIVEA по специјална цена.

Моментално сме во преговори за издавање на прирачниците на уште неколку јазици, така да не би можела да кажам која земја ќе биде следна, но секако идејата е прирачниците да бидат промовирани и интернационално.

2

БИ: До сега имате издадено два прирачника. Дали ќе има Tip of the Week#3?

Некако ова прашање го добиваме во последно време многу често. Сепак помина и прилично подолг период од издавањето на второто издание во Македонија, па читателите бараат нешто ново. Да, ќе има Tip of the Week#3  и може да го очекувате до крајот на годината. Периодов интензивно работиме на осмислување на целосниот концепт и верувам дека повторно ќе успееме да ги оправдаме и надминеме очекувањата на нашите читатели.

Сепак, како и за издавањето на двата прирачника, така и за третото издание мислењето на читателите ни е многу важно. Моментално на нашата FB страница сите кои што сакаат да учествуваат во креирање на Tip of the Week#3, може со пополнување на анкетниот прашалник да ни помогнат преку своето мислење и идеи, и ова издание да биде интересно и апликативно за секој кој што сака да работи на својот личен и професионален развој.

До издавањето на следниот прирачник секако може да уживате во промотивната акција на прирачниците од 20% попуст во поголемите книжарници во Скопје и Office Plus низ Македонија.

3

БИ: Колку Вие лично ги применувате советите од прирачникот?

Луѓето кои ме знаат добро, знаат дека прилично многу инвестирам во својот личен и професионален развој, па некако и очекувано беше да се поврзам со целиот Tip of the Week концепт и постојано да применувам и споделувам многу совети со моите пријатели. Она што најмногу ми се допаѓа кај Tip of the Week советите е што секогаш се базираат на реални ситуации и актуелни теми во кои сме се нашле ние колегите на работа или сме ги слушнале од наши пријатели. Од нив сме го извлекле заклучокот и сме дале видување на целата ситуација со совети кои секако делуваат.

Искрено моите лични прирачници се целите подвлекувани, шкртани и со стикери и многу често знам да се навратам на различни теми во ситуации кога не знам што да направам. До сега имам напишано и неколку совети, а и следниот ќе го напишам јас. Верувам ќе им се допадне на повеќето и ќе иницира промени кај нив. 🙂

email