vestini

Фото: Pexels

Кога станува збор за професионалниот развој не секогаш е јасно на што треба да се фокусирате. Дали да инвестирате во курс за социјални медиуми, обука за комуникација или вмрежување. Што треба да направите за да напредувате во вашата сегашна работа или да се подготвите за следната, пишува Inc.

Според Светскиот економски форум (СЕФ) одговорот е едноставен. СЕФ неодамна анкетираше 350 директори од девет индустрии во 15 најголеми светски економии за да ја генерираат Иднината на работните места. Намерата на извештајот беше да се предвиди како технолошкиот напредок ќе ги трансформира пазарите на трудот, односно како технологијата ќе влијае врз работодавците и што ќе се бара од вработените.

Во свет во којшто сè повеќе доминираат роботи, вештачка интелигенција и виртуелна реалност, ова се топ 10 вештини што најмногу ќе ги бараат работодавачите до 2020 година.

Комплексно решавање на проблеми

Технологијата може да го олесни животот, но исто така може да ги направи работите покомплицирани. Може да се користат уреди за поефикасно извршување на работите, но без човекот кој ќе ги анализира резултатите работите може да тргнат во погрешна насока. Извештајот покажува дека 36% од сите работни места во сите индустрии ќе бараат способности за решавање на комплексни проблеми како суштинска вештина до 2020 година.

Критично размислување

Со зголемување на автоматизацијата се зголемува потребата за луѓе кои можат да користат логика и расудување. Работодавачите сакаат луѓе со критички ум кои можат да ги оценат добрите или лошите страни на технологијата.

Креативност

Креативноста е една од првите три вештини што ќе ги бараа работодавачите.

Управување со луѓе

Работодавачите ќе бараат луѓе кои се способни да ги мотивираат вработените, да ги развиваат талентите и вештините на вработените и да ги изберат најдобрите луѓе за работа.

Координација со другите

Ова вклучува способност за соработка, прилагодување во однос на другите и да биде осетлив на потребите на другите.

Емоционална интелигенција

Роботите можат да направат многу, но сé уште не можат да ги “читаат“ луѓето. Работодавачите ќе ангажираат лица кои се свесни за реакциите на другите, како и нивното влијание врз другите.

Носење одлуки

Со оглед на тоа што организациите собираат сé повеќе податоци ќе има уште поголема потреба за работници кои можат да го анализираат и да го користат за да донесат интелигентни одлуки.

Помагање на другите

Ова вклучува способност за помагање на членовите во тимот и претпоставените.

Преговарачки вештини

Преговарачките вештини ќе бидат барани кај оние кои се занимаваат со анализа на податоци и развој на софтвер.

Когнитивна флексибилност

Ова вклучува креативност, логично размислување и чувствителност на проблемот.

email