berza-dzvonce

Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка и Алкалоид се трите најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза во август, покажува месечниот статистички билтен.

Со вкупно 309 трансакции и учество од 27,11% во прометот, први најтргувани се акциите на Комерцијална банка. Зад нив се хартиите од вредност на НЛБ Банка со 108 трансакции и 14,47% учество во вкупниот промет. Трети се акциите на Алкалоид со 145 реализирани трансакции или учество од 10,41%.

Пазарната капитализација во август достигна 138.985.123.004 денари, што е пораст од 3,14% во однос на претходниот месец. Кај прометот, што се позиционираше на 461.920.783 денари, забележан е раст од 15,25%. Вкупниот број на трансакции во текот на август беше 1.458, што е пад од 32,44%, додека индексот МБИ 10 достигна 2.647,85 поени или зголемување од 5,86%.

Во август, топ три акции со најголем пораст беа: Уготур (90%), Мермерен комбинат од Прилеп (66,67%) и Жито Лукс Скопје (30%). Од друга страна, три акции со најголем пад забележаа: Герас Цунев конфекција Струмица (49,58%), Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) Скопје (35,90%) и Арцелормиттал Скопје (ХРМ) (28,57%).

email