evra-svitkani-pixabay

Фото: Pixabay

Трговскиот дефицит во периодот јануари – октомври оваа година изнесува 1.426.624.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година, изнесува 4.147.741.000 евра и бележи пораст од 16% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.574.365.000 евра, што е за 11,8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извозот, во овој период, изнесува 74,4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

email