evro-kosula-pixabay

Фото: Pixabay

Трговскиот дефицит во периодот јануари – ноември лани, достигна вредност од 1.609.063.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – ноември 2017 година, изнесува 4.588.109.000 евра и бележи пораст од 16,8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.197.172.000 евра, што е за 12,4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2017, изнесува 74%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот e најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснато – валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, не повеќе обработувани од топло – валаните со ширина од 600 мм или повеќе, намотани.

Во периодот јануари – ноември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

email