progres

Фото: Pixabay

Доколку за следната година си поставите цел да направите крупен чекор во развојот на вашата кариера, потребно е да ги преземете следниве чекори, пишува Inc.

Утврдете го вашиот личен избор

Првиот чекор што треба да го преземете е да размислите дали сте преземале акција или сте биле неактивни изминатиот период. Можеби не сте соработувале со вистинските луѓе и не сте изградиле вистински врски. Успехот доаѓа кога не ја прифаќате статус – кво состојбата, туку преземате акција. Изборот е ваш – дали ќе направите промена или ќе стагнирате.

Утврдете ја патеката на движење

Што сакате? Која работа ја сакате? Каде сакате да живеете? Колку сакате да учите? Во градењето на компанијата, лидерот се стреми кон остварување на следните резултати:

  • Култура: Духот на компанијата, прифатливо однесување на вработените и вредностите.
  • Создавање бренд: Како е позиционирана компанијата и кое место го зазема на пазарот.
  • Раст и развој: Растот и развојот на компанијата зависи од развојот на вработените. Ако тие тапкаат во место, тогаш и компанијата ќе стагнира.

За да стигнете на посакуваната положба, потребно е јасно дефинирање на моменталната состојба наспроти посакуваната.

Поврзете се со луѓе што може да ви помогнат

Не може да напредувате доколку немате поддршка. Потребни ви се луѓе кои имаат поголемо знаење од вас и ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната положба. Барањето на вистинска помош е една од најзначајните карактеристики на успешните луѓе.

email