tricikl

Босанскиот иноватор Елвис Церо претстави специјално дизајниран трицикл наречен City којшто би можел да ги реши проблемите со метежот во сообраќајот и паркирањето. Корисниците на ова возило ќе може да се движат по велосипедски патеки и по градските сообраќајници, пишува Dnevni list.

“Станува збор за електромоторно превозно средство со затворена и полузатворена конструкција, којашто ќе може да се склопи и лесно да се пренесува. Наменет е пред сè за луѓе кои живеат во густо населени градови со цел да го избегнат сообраќајниот метеж и за краток период да стигнат до посакуваната дестинација“, вели босанскиот иноватор.

Возилото кое е во фаза на прототип на предната страна има две тркала, на задната едно тркало, а поставени се и амортизери. Движењето ќе се одвива со помош на педали, но има и електромотор којшто работи со помош на батерии. Со едно полнење на батеријата ќе може да се поминат до 100 километри, а максимална брзина на движење е 25 километри на час.

email