zemjodelska-masina-del-pixabayФото: Pixabay

Цените во земјоделството во април оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот е зголемен за 2,9%, додека кај аутпутот зголемувањето е 1,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103,1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.

Во делот аутпут, во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97,3.

email