traktor-pexels

Фото: Pexels

Цените во земјоделството во јули оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намален за 2,3%, а кај аутпутот се бележи намалување од 8,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 97,6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,1.

Во делот аутпут, во јули 2017 година, во споредба со јули 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 87,6, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99,2.

email