traktor-pexels

Фото: Pexels

Цените во земјоделството во септември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 0,1%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се непроменети, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) бележат намалување од 1%.

Во делот аутпут, во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, цените на растителното производство се зголемени за 3,5%, а кај цените на добиточното производство е забележано зголемување од 0,8%.

email