Учениците од ОУ Коле Неделковски заедно со Алпско млеко напавија акција каде со заеднички сили обезбедија храна и привремени живеалиша за локалните птици и другите мали заедници карактеристични за овој регион, полесно да ги преживеат ладните зимски денови. Имено за Градскиот парк изработија и поставија куќарки и храна за птиците од веќе употребен амабалажен отпад од Алпско млеко кое послужи како основа дечињата од нив да направат привремени живеалишта.

Куќарките за птиците со храна беа поставени на неколку локации низ Градскиот парк. Целта на оваа мала и скромна иницијатива е да биде мотив и инспирација луѓето да не заборават, не само на птиците, во деновите со ниски температури, туку и на останатите животни кои се приморани да ја поминат зимата на отворено во градската средина.

Нивниот повик и заложба е пример кој може да го следат не само учениците и децата туку и секое семејство, бидејќи процесот на изработка е едноставен, а ќе ви овозможи да поминете квалитетно и забавно попладне со вашите деца при тоа учејќи ги за важноста за рециклирање  и колку многу корисни работи може да се направат од амбалажниот отпад.