ufunbrush-facebook

Фото: Facebook

Стекнувањето хигиенски навики кај децата може да биде голем предизвик, но денес постојат уреди што може да го олеснат и да го направат интересен тој процес.

Станува збор за uFunbrush, автоматска четка што за 10 секунди ги чисти забите на децата.

Внатрешноста на оваа автоматска четка се полни со омилената паста за заби на детето, по што се притиска копчето за старт. По десет секунди, детето има комплетно чисти запчиња, а задача на родителите е да се исчисти внатрешниот дел од четката.

uFunbrush е изум на американски старт – ап, којшто на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter бара 30.000 долари.

email