ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) организира обуки за пријавување и оданочување на приходи од земјоделска дејност на физички лица кои се оданочуваат во паушален износ.

Еднодневните обуки, коишто се без финансиски надоместок, ќе се одржат во повеќе градови низ земјата во период од 27-ми декември до 27-ми јануари.

Учеството на обуката е обезбедено со регистрација, односно најава на наведеното контакт лица, најдоцна два дена пред почетокот на обуката. Целна група на овој вид обука се сите земјоделци.

email