ujpФото: Управа за јавни приходи

Управата за јавни приходи ја најави новата аукција за продажба на движни и недвижни ствари. На веб пораталот на УЈП може да ги видите сите активни аукции, онлајн да ги прегледате достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), да се пријавите и да учествувате  во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.

За да учествувате во е-аукциите на УЈП, единствено што треба да направите е да се регистрирате како корисник овде. За да учествувате на е-аукцијата што ве интересира, потребно е да се пријавите најдоцна до последниот ден/рок за уплата на депозитот што е наведен во огласот.