ujp

За да може да се поднесе пресметка за плата за месец јануари, задолжително е преземање на најновата верзија на МПИН клиентски софтвер преку интернет страницата на Управата за јавни приходи.

“При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, пресметките за плата да се доставуваат одделно за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставена пресметка за плата не се праќа повторно преку електронската пошта: celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и налогот за плаќање ќе бидат доставени на електронска пошта, најдоцна во рок од 24 часа од поднесување на пријавата“, стои во соопштението на УЈП.

Стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување, почнувајќи со исплата на плата за јануари 2017 година, не се променети во однос на 2016 година.

Почнувајќи со исплатата на плата за јануари 2017 година ќе се применува месечно лично даночно ослободување во износ од 7.456 денари, односно годишно лично ослободување за 2017 година во износ од 89.472 денари.

email