ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) организира обуки за готовински плаќања, оданочување со ДДВ и пријавување на приходи од имот и имотни права.

Овие еднодневни обуки се за правата и обврските на даночните обврзници според Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за додадена вредност и Законот за персонален данок на доход (приходи од имот и имотни права).

Обуките ќе се одржат од 17-ти до 21-ви јули во: Скопје, Дебар, Пробиштип, Струмица, Битола, Свети Николе, Штип, Куманово, Крива Паланка, Неготино, Гевгелија, Ресен, Кочани, Велес, Делчево, Кратово, Тетово, Берово, Радовиш, Охрид, Прилеп, Македонски Брод, Кавадарци, Крушево, Кичево, Струга, Виница, Гостивар, Македонска Каменица и Демир Хисар.

Обуките, како што се наведува, се без финансиски надомест, а заинтересираните ќе може да учествуваат со регистрација, односно најава на наведено контакт лице.

email