ujp

Сите оние кои остваруваат приход од земјоделска дејност што не надминува 1.300.000 денари имаат можност данокот на доход да го плаќаат паушално, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

“Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да го плаќање еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги“, стои во соопштението на УЈП.

Регистрирањето за паушално оданочување е најдоцна до 31-ви јануари 2017 година на шалтерите на УЈП, каде што треба да се поднесе Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност.

email