ultra-rasprodazba-01

Во Капитол Мол во Скопје се подготвува долгоочекуваната Ултра распродажба. Попустите од 70% ќе траат три дена, од 16-ти до 18-ти февруари и ќе важат во речиси сите продавници каде може да се најдат модни додатоци како часовници, декоративна козметика и облека.

Љубителите на шопингот кои ќе бидат дел од ова ултра-уникатно искуство ќе го освежат својот стил и ќе ја надополнат својата гардероба со омилените производи.

Во Капитол Мол можат да се најдат популарните Sport Vision, Top Shop, Tom Tailor, Tudors, Lisca, LC Waikiki, Koton, dm, Setec, Крш, Carter’s, Original Marines, Tilla, b watch, Еликсир ексклузив и други. Покрај шопингот, за време на распродажбата, целото семејство може да се забавува во 4Bowling, додека малите уживаат во Kids Park.

Со години Капитол Мол посветува исклучителна грижа за сите свои посетители преку организирање на забавна програма, интересни активности и незаборавни промоции, во секој дел од годината.