rakaФото: University of Tokyo

Истражувачи од Универзитетот во Токио создадоа електронска кожа којашто може да ги измери и прикаже виталните функции на срцето во реално време, пишува Designboom. Еластичната, ултра тенка кожа е еден вид на LED дисплеј со димензии 16×24 сантиметри и е наменета за употреба во здравството.

Таа се лепи за кожата на луѓето и може да остане една недела без да предизвика било каков проблем.

Дисплејот е безжично поврзан со електрокардиограм (ЕКГ) којшто ги следи отчукувањата на срцето на корисникот. Потоа добиениот извештај може да се испрати на анализа кај доктор.

Според лидерот од тимот истражувачи уредот има за цел да го олесни процесот на испитувања преку неинвазивна процедура којашто може да се спроведе во домашни услови. Не е потребно инволвирање на други лица, од причина што е-кожата сама мери и дава точен резултат што потоа се испраќа за понатамошна анализа.

Тимот се надева дека производот ќе биде достапен  на пазарот за три години.