uni-banka-facebook

Уни Банка во првото полугодие од оваа година евидентираше добивка од 124.590.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, банката прокнижи добивка од 75.660.000 денари.

“Уни Банка во првите шест месеци од 2017 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 124,6 милиони денари, што се должи пред сè на оптимизирањето на нето каматниот приход“, стои во Освртот на финансиските резултати.

Нето приходите од камати, заклучно со 30-ти јуни оваа година, имаа вредност од 313.637.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 273.159.000 денари.

Нето приходите од провизии и надомести, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесуваа 64.521.000 денари.

Кредитното портфолио во наведениот период, како што стои во Освртот, се зголеми за 12,4% и достигна ниво од 10,4 милијарди денари. Депозитната база, во првите шест месеци од годинава, се зголеми за 10,8% и достигна ниво од 12 милијарди денари.

email