list

Фото: Pixabay

Постојат неколку лекции што, за жал, многумина ги учат доцна во животот. За тоа да не биде така, во продолжение она што треба да го знаете и примените што побрзо.

Здравјето е секогаш на прво место

Многумина доцна ја учат една од најважните животни лекции – дека здравјето треба секогаш да биде на прво место. Честопати здравјето се зема здраво за готово и дури кога е доцна, помислуваме дека нешто треба промениме.

Во ред да се обидеш и да не успееш

Секогаш подобра опција е да се обидеш и да не успееш отколку воопшто да не се обидеш. Честопати во животот ќе зажалиме за некои работи што не сме пробале да ги направиме, промениме или повториме, за некои луѓе што (не)сме им дале шанса или не сме ги запознале.

Треба добро да се познавате себе си

Ако не си ги знаеме приоритетите и желбите… ако не знаеме кои сме, тешко ќе можеме да напредуваме во животот. Спознавањето на себе си трае цел живот, па можеби за ова и не е доцна.

Парите не можат да купат среќа

Парите купуваат одредени работи, но оние нешта што вистински ни носат среќа не се купуваат со ништо. Тие доаѓаат од добрината на срцето, од мудроста, од искуството и од љубовта. За жал, трката за пари трае и ќе трае, но лекцијата треба побрзо да се научи. Може ќе стигнеме на целта, ќе имаме многу пари, но ако не внимаваме, по пат ќе ги изгубиме најзначајните работи.

Своето јас не треба да се губи за да се задоволат туѓи страсти

Жално е што многумина од нас го губат или менуваат својот идентитет со цел да се вклопат во нечии гледишта, друштва, одредени социјални кругови и слично. Во обидот да се задоволат други се губи своето јас, што е чекор назад во градењето на сопствената личност. Секој е приказна сам за себе и ако на некој не му се допаѓа, не мора да ја прочита.

Стравот треба да се совлада

Доцна ја учиме лекцијата дека самите сме си непријатели со тоа што им се препуштаме на стравовите. Стравот е најчесто наша проекција на нештата, затоа не треба да се дозволи лошата, неоснована мисла да нè кочи во животот.

Премногу размислување носи штета

Колку подолго размислувате дали (не)да направите нешто, толку повеќе го оптоварувате вашиот ум и тело. Никогаш нема да го знаете точниот одговор што ќе се случи, ако не пробате. Особено е лошо кога ќе надвладеат негативни мисли што воопшто не се основани.

Слушањето е поисплатливо од зборувањето

Најчесто кога луѓето сакаат да разговараат, имаат желба да споделат нешто со вас, а добрите слушатели се секогаш ценети соговорници. Кога зборуваме можеме да кажеме нешто што не сме сакале, но кога слушаме можеме само да научиме и да собереме искуство за во иднина.

Постојан баланс меѓу работа и приватен живот

Позната, но тешко применлива лекција. Сè што преминува одредена граница може да ве измести од колосек. Затоа трудете се да го направите балансот што е можно поскоро и поефикасно. Само така ќе ја постигнете стабилност којашто е од клучно значење за среќен живот.

email