barley-872000_960_720

Фото: Pixabay

За прв пат во Велика Британија, дронови и автономни машини посадија, одгледаа и собраа јачмен без помош од луѓе, пишува Inhabitat.

Проектот Hands Free Hectare е заедничко дело на Универзитетот Harper Adams и компанијата Precision Decisions, а сумата одвоена за него изнесуваше 265.037 долари. Машинеријата што беше искористна ја има веќе во продажба и земјоделците можат да си ја дозволат.

Според инженерот Мартин Абел од Precision Decisions, овој проект има за цел да докаже дека не постои технолошка причина поради којашто едно поле не може да биде обработено без луѓе. Како што велат од Harper Adams, тоа не значи дека луѓето би останале без работа, туку дека само би ја промениле својата позиција. Со автоматизација, работниците ќе треба само да го надгледуваат процесот и да бидат сигурни дека сè се одвива како што треба.

Јачменот, што успешно беше одгледан на полето, ќе биде искористен за производство на пиво.

email