leto

Фото: Pexels

На долгиот и тежок пат во развивањето на вашиот бизнис, потребна ви е поддршка не само од вашите блиски, туку и од луѓето кои чекореле по истиот пат. Пронајдете ја инспирацијата во следните неколку цитати од познати бизнисмени и преприемачи.

Да ги прашував луѓето што сакаат, ќе ми речеа побрз коњ. Хенри Форд, основач на Ford

Не верувам во среќа, верувам во околности и работа. Карлос Слим, основач на Grupo Carso

Клиентот не е секогаш во право. Енцо Ферари, основач на Ferrari

Ако направите добар продукт за кој луѓето сакаат да платат, парите ќе дојдат. Форест Марс, директор во Mars Inc.

Никогаш не паднав, секогаш се борам. Џани Версаче, основач на Gianni Versace

Градење на мисија и градење на бизнис одат рака под рака. Марк Зукерберг, основач на Facebook

Не верувам во неуспех. Не е неуспех ако уживате во процесот. Опра Винфри, основач на Oprah Winfrey Network

Незадоволните клиенти се најдобриот извор за учење. Бил Гејтс, основач на Microsoft

Не преживуваат најсилните, ниту најинтелигентните, туку оние што знаат да се адаптираат на промени. Чарлс Дарвин, научник

Нема никаде да стигнеш ако комотно седиш во фотелја. Конрад Хилтон, основач на Hilton Hotels

Учи се да живееш без работите за кои се плашиш дека ќе ги изгубиш. Џорџ Лукас, Lukasfilm Ltd.

Успехот е најдобар кога се дели. Хауард Шулц, извршен директор на Starbucks

Никогаш не се откажувај. Денес е тешко, утре ќе биде уште потешко, а задутре ќе огрее сонце. Џек Ма, основач на Alibaba Group

Само најдоброто е доволно добро. Оле Кирк Кристиансен, основач на Lego

Напорната работа ги чува умот и духот од брчки. Хелена Рубинстајн, основач на Helena Rubinstein cosmetics

Повеќе инспиративни мисли прочитајте на Entrepreneur.

email