ajnshtajn

Фото: Bonhams

Виолината што ја поседувал Алберт Ајнштајн, беше продадена за 516.500 долари на аукција во Bonhams во Њујорк.

Виолината била направена во Пенсилванија од страна на Оскар Штегер со посвета “најголемиот научник во светот” напишана на налепница во нејзината внатрешност.

Ајнштајн бил вљубеник во музиката, а почнал да свири виолина на шест години.Tој не патувал никаде без виолината и секогаш наоѓал време да свири.

Виолината сега стана највредниот предмет на Ајнштајн (освен документите), надминувајќи го неговиот телескоп, којшто достигнал цена од 432.500 долари и неговиот џебен часовник којшто бил продаден за 352.054 долари, пренесува New Atlas.