kovceze-so-pari-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупните добивки на компаниите што котираат на Македонска берза, во периодот јануари – септември оваа година, достигнаа вредност од 9.349.412.307 денари, покажуваат податоците на Македонска берза.

Истиот период лани, вкупните добивки на компаниите изнесуваа 9.465.483.003 денари.

Кога станува збор за загубите, тие на крајот на септември оваа година беа на ниво од 721.212.757 денари, додека една година претходно беа 406.241.201 денари.

На Македонска берза котираат вкупно 103 компании.

email