dubai

Во Дубаи ќе се гради најголемото пристаниште на Блискиот Исток кое ќе може да собере 1.400 бродови и ќе може одеднаш да опслужи 6.000 патници. Проектот Пристаниште Дубаи го изработи компанијата Meraas Holding, а ќе се простира на 1,9 милиони метри квадратни.

Предвидена е и изградба на кула Светилник Дубаи којашто ќе биде висока 135 метри, а во неа ќе има и хотел и кула за набљудување, чија фасада ќе може да служи како џиновски екран за проекции и светлечки шоуа со висока резолуција, пишува Gulf News.

kula3

Во рамки на пристаништето ќе бидат изградени деловни простории, трговски центар, простор за забава и одмор, хотели и одморалишта. Со ова пристаниште ќе се зголеми капацитетот за примање на јахти за 50%, а ќе има и три хелиодрома. Властите во Дубаи очекуваат дека овој проект ќе има позитивен ефект врз туризмот.

Изградбата на ова пристаниште ќе трае четири години.

email