tocak

Фото: Pixabay

Во холандскиот град Утрехт отворена е најголемата гаража за велосипеди со простор од 17.100 метри квадратни и место за 12.500 велосипеди. Новата гаража која е наменета само за велосипеди е изградена под железничка станица. Паркирањето во првите 24 часа во гаражата се бесплатни, а за секој нареден ден ќе треба да платат 1,25 евра.

Засега на располагање се 6.000 нови слободни места за велосипеди, а до крајот на наредната година во план е да се обезбедат места за уште 6.500 велосипеди, пишува Guardian.

Според статистиките, 43% од жителите на овој град патувањата пократки од 7,5 километри ги поминуваат со велосипед. Процентот на луѓе кои користат велосипед како превозно средство во Холандија, се зголемува. Холанѓаните на велосипед годишно поминуваат околу 1.000 километри, во земјата има 22,5 милиони велосипеди, а има 17 милиони жители.

email