1

Малото место Брумен во Холандија доби светлечки пешачки премин којшто ги осветлува пешаците ноќе. Панелите светат и дење и ноќе и не им пречат на возачите, а со осветлувањето на пешаците се зголемува нивната безбедност.

2

Пешачкиот премин е дизајн на холандското студио Lighted Zebra Crossing и на крајот на минатиот месец, бесплатно е поставен во оваа општина. Целта на студиото е да се зголеми безбедноста на пешаците, а оваа технологија е тестирана скоро 12 месеци. Вакви премини треба да се постават во т.н. ризични зони, односно во близина на училишта, болници и места каде се движат стари луѓе.

email