kinamost

Во Кина вчера беше пуштен во употреба за сообраќај 565 метри високиот мост над долината Баипанџианг, за којшто кинеските власти тврдат дека е највисок мост во светот. Мостот е долг 1,34 километри и е дел од автопат долг 3.405 километри. Изградбата на овој мост траеше три години и потрошени се 140 милиони долари.

most2

Мостот ќе го скрати патувањето помеѓу градовите Хуанвеј и Шуиценг од четири часа на еден час, јавува кинеската CCTV.

Инаку во Кина се наоѓаат девет од 10 највисоки мостови во светот, а овој мост ќе го симне од тронот мостот над реката Сиду висок 495 метри.

email