Сите електрични возови во Холандија, од први овој месец, користат само енергија произведена од ветер, пишува Clean technica.

Првичниот план беше електричните возови во целост да користат обновливи извори на енергија до 2018 година. Но, во текот на минатата година холандските електрични возови искористија 75% ваков тип на енергија, со што транзицијата кон користењето на “зелената“ енергија заврши една година порано.

Една од најголемите железнички компании во Холандија, NS, дневно превезува 600.000 патници, за што се неопходни 1,2 милијарди киловат час електрична енергија. За споредба, исто толку енергија трошат и жителите на Амстердам.

Струјата за движење на електричните возови доаѓа од фарми на ветерници во Холандија, Белгија и Финска.

email