kasperski-facebook-580x580

Фото: Facebook

Продолжуваме со умственото размрдување, со аритметичката игра што нѝ ја подготви Евгениј Касперски.

Најпрво, две мозгалки за коишто не е потребно сметач или компјутер – побрзо се решаваат со старите добри молив и тетратка.

Мозгалка број 1

Има еден многу убав број со десет цифри. Првата (најлево) цифра во неа е целокупното количество на нули во овој број. Втората цифра количеството на единиците. Третата на двојките и така натаму. Последната цифра е количеството на деветките. Која е таа цифра?

Не е толку тешко како што изгледа на прв поглед.

Втората загатка е малку потешка. Таа е најверојатно резервирана за аритметички генијалци – оние што можат да помножат големи броеви во нивните глави. Ајде да видиме…

Мозг(оуништув)алка број 2

Дали постои природен (цел, без нула, позитивен) број што ако се помножи со 2018 дава резултат што се состои од број составен од 10-ки, 1-ци и/или нули?  (секој е тука програмер: се се врти околу 0-та и 1-та :). Со други зборови, дали е може да се помножи 2018 со нешто цело и позитивно за резултатот од множењето да има само 0-ли и 1-ци и да биде составен од десет цифри? Ако одговорот е ДА – ајде да го видиме! Ако има повеќе – кој е најмалиот број, а кој е најголемиот? Ако нема – објаснете зошто нема.

А сега да видиме како беше решена претходната загатката од Дигитална 2018 – прв дел:

Како да добиеме 2018 од низата 10-9-8-7-6-5-4-3-2-1 и нејзините скратувања: 9-…-1, 8-…-1 и така натаму?

Еве како:

10 – 9 + (8*7*6*(5+4+3))/2 + 1 = 2018

Секако ова не е единствениот начин. Еве друг одговор:

(10*9*(8+7-6)*5 – 4*3)/2 – 1

Друга варијанта?

Следно-ја испуштаме 10-ката:

9*8*7*(6+5-4-3) + 2*1 = 2018
8*7*6*(5+4-3) + 2*1 = 2018

Без 10, 9 и 8, ни треба факторијал:

((7 * 6! / 5) + (4 – 3) ) * 2 * 1 = 2018
6! / 5 * (4+3)!!!!! + 2*1 = 2018
– каде !!!! е: мултифакторијал

Со мултифакторијал може да се добие каков одговор ќе посакате…

3 2 1 -> 3!=6 -> 6!! = 48 -> 48!!!…!!! (41-) = 48*7 -> и така натаму се додека не добиете 32*9*7 + 2*1 = 2018

Поинаква алтернатива:

(9*8 – 7 ) * (6*5 + 4 – 3 ) + 2 + 1
8*7*6 *(5 + 4 – 3) + 2*1
-7 + ((6 + 5 + 4)*3 ) ^ (2/1), или едно малечко микро-мамење: 7*6*(5 + 43) + 2/1
-6*5 + 4^3! / 2*1 or -6*5 + (4 << (3*(2+1)))

email