web-final-01_approved

Отворен е вториот повик за аплицирање за новата Акцелераторска програма на ЦЕЕД Хаб Скопје. Акцелераторската програма ќе стартува во септември 2017 година, за што ЦЕЕД Хаб Скопје, преку Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од владата на Швајцарија, има обезбедено фонд од 50.000 долари што ќе се инвестира во селектирани стартапи. Покрај овој фонд, учесниците ќе имаат можност за добивање финансиски инвестиции и од други извори – Бизнис Ангели и инвестициски фондови.

Програмата е во времетраење од 15 недели, каде за селектираните стартапи ќе бидат обезбедени консултанти, повеќе од 15 ментори и обучувачи кои ќе понудат поддршка во развојот на стартапите, односно нивните производи и услуги, простор за работа, практични истражувања, поддршка во промоција и продажба. Како дел од оваа програма стартапите ќе имаат можност за присуство на различни нетворкинг и социјални настани за проширување на нивните бизнис контакти и бизнис соработки.

На крајот од програмата, на Демо Ден, кандидатите ќе имаат можност да го презентираат нивниот старт – ап пред Бизнис Ангели, Venture Capitalists и Venture Fund за да обезбедат дополнителни финансиски средства.

Вториот циклус за пријавување е отворен до 25 август 2017 година. Само со селектираните кандидати ќе бидат направени интервјуа.

Апликацијата следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfJ7o7QSlrBf9v5ZJjqhaVFkeyH05VxX1UohEfFYfvjJNLNVQ/viewform

ЦЕЕД Хаб Скопје е акцелератор и коворкинг простор, место коешто обезбедува пристап до иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза, фриленсери и поединци кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис.

ЦЕЕД Хаб Скопје нуди работна околина – биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.

За било какви прашања, обратете се на следниве контакти: Маја Трајкова на 078 459 067 или на mtrajkova@ceedhub.mk.

email