wallflower

Фото: Wallflower

Wallflower е уред што лесно се поврзува со електричен шпорет и им дава известување на корисниците дали постои опасност од пожар. Уредот се поврзува со апликација на паметен телефон и на корисникот му испраќа известување во случај да го заборави вклучен електричниот шпорет. Wallflower апликацијата користи информации од паметниот уред и ги известува корисниците за активноста на шпоретот, пишува Mashable.

Кога уредот е активен повеќе од вообичаено, од компанијата велат дека апликацијата “учи за однесувањето на корисникот при готвење“, ќе се активира алармот, а корисникот ќе прими известување на телефонот. Апликацијата, исто така, може да ја одреди локацијата на корисникот и врз основа на тоа да утврди дали тој ја напушта куќата пред да го исклучи шпоретот.

Засега, Wallflower работи само на електрични шпорети, но тимот работи на создавање на уред што ќе може да се користи и кај шпоретите на плин.

email