yah

Интернет гигантот Yahoo официјално престанува да постои. Новото име на компанијата ќе биде Altaba, a досегашната извршна директорка Мариса Мајер ќе поднесе оставка откако ќе биде завршено преземањето, пишува PCWorld.

Одлуката за заминување на Yahoo во историјата е потврдена во извештајот на компанијата испратен до американските регулатори.

Yahoo беше продаден за 4,8 милијарди долари во јули минатата година на американскиот телекомуникациски гигант Verizon Communications Inc. Кога ќе се заврши целиот процес на преземање, компанијата ќе го добие новото име – Altaba.

Освен Мариса Мајер, и ко – основачот на компанијата Давид Фило ќе поднесе оставка од своето директорско место.

email