Во последно време гардероберите станаа најценет дел во нашиот дом. Истото ниво на внимание што им се дава на кујните, сега им се дава и на гардероберите. Но, за да го извлечете најдоброто од вашиот гардеробер не е доволно да биде само привлечен и претставителен, пред сè, треба да биде функционален – да Ви овозможи прегледност и лесна достапност до складираните работи.

slika_1

Модуларен систем со алуминиумски профили. Овие системи може да се постават надвор прицврстени на ѕид или вградени во плакар.

Пишувавме за различни типови на плакари/гардеробери, каде покрај традиционалните плакари изработени од оплеменета иверка, можат да се најдат и плакари/гардеробери изработени од модуларни елементи – на принцип со алуминиумски профили и разни други додатоци (разни држачи за полици и оклагии за закачалки). Навистина, не знам колкава е понудата на македонскиот пазар и каков е изборот во поглед на квалитетот. Но, знам за еден модуларен систем од италијански производител и со врвен квалитет. Тоа е системот  КАЛИ, а може да го најдете во нашата подружница за премиум материјали за ентериери – ВИТРИНА, во Градскиот трговски центар.

Кали – систем за сечиј гардеробер

Кали е систем од алуминиумски профили и разни додатоци кои можат да се употребат за ентериерни решенија во домашниот и јавниот сектор.

Поставени во распоред да опремат гардеробери, вертикалните профили – со минимален дизајн, можат да поддржат полици, оклагии за закачалки, фиокари, елементи со вратички и друго. Профилите можат да бидат на три начини: профил директно на ѕид, профил во Г-форма зацврстен на ѕид и профили во П-форма кои можат да се постават на средина на собата и да овозможат попрегледен и подобар пристап до облеката.

Приложените слики нека Ви послужат како инспирација:

slika_2

Систем Кали – Поставен во собен гардеробер. На оваа слика може да се забележи поставеноста на профилите во Г-форма.

slika_3

Систем Кали – Од друг агол.

slika_4

Дополнително, поставениот систем може да се затвори со вратички или уште подобро, да се постават шибер врати.

slika_5

Напред може да се забележи Кали системот со профилите закачени дирекно на ѕид. Во овој случај сите додатоци гледаат напред. Одлично решение за надворешни полици и закачалки. Десно – истото поставување, но вградено во елемент кој го затвораат шибер врати.

Гардеробери по мерка

Го градите Вашиот дом од соништата? Имате лична визија како да изгледа вашиот плакар или ви се допаѓа некој дизајн што сте го виделе во некој салон за мебел или на интернет? Со СОЛОПРОМ денес е лесно и да ја остварите таа визија. Со нашите материјали, шибер системи и разновидни гардеробни додатоци не само што може да го изградите вашиот плакар димензиски да се вклопи во рамките на вашиот ентериер, туку и во рамките на вашиот буџет.

footer_520

email