Бинис Инфо е специјализиран бизнис портал кој започна со работа по иницијатива на членовите на ЦЕЕД Бизнис и едукативниот клуб во 2012 година. Порталот е наменет за информирање на бизнисмените, претприемачите, менаџерите, вработените, сопствениците на компании, студентите, заинтересираните и широката јавност за теми од бизнисот, необременети со политика. Бизнис Инфо се води од мотото за независно и објективно информирање и содржините што ќе ги прочитате тука се независно гледање на тимот.

 

За сопственикот ЦЕЕД Македонија

CEED (Center for Entrepreneurship and Executive Development) Македонија е дел од меѓународната мрежа од ЦЕЕД менаџерски и претприемачки центри основани од страна на американскиот инвестициски фонд СЕАФ, со цел забрзување на развојот на малите и средни претпријатија во источна и југоисточна Европа. ЦЕЕД Македонија започна со работа во септември 2007 како петти центар во мрежата на ЦЕЕД центри кои постојат во Бугарија, Словенија, Романија, Црна Гора, Мароко, Бангладеш, Танзанија, Ерменија, Полска, Албанија и Косово и имаат партнерски центар во Русија, Молдавија и Босна и Херцеговина. Од започнувањето со работа на првиот центар, ЦЕЕД успеа да вклучи повеќе од 10.000 сопственици на мали и микро претпријатија, повеќе од 2.500 претприемачи беа вклучени во обуки за најдобрите глобални индустриски пракси и истите беа поддржани во нивните напори да обезбедат поволен капитал за раст.

Целта на ЦЕЕД е да креира заедница на претприемачи и да ги поддржи менаџерите и нивните тимови во растот на бизнисите. Нашите главни услуги вклучуваат настани за градење на капацитетите кои се фокусирани на практични знаења надополнети со размена на искуства и менторство од успешни локални бизнис лидери, пристап до финансии и силна регионална и меѓународна мрежа. Во текот на десетте години од постоењето, ЦЕЕД Македонија успеа да се позиционира на македонскиот пазар како единствен и иновативен давател на услуги за бизнис поддршка кој дизајнира и имплементира менаџерски, лидерски и програми за развој на личните вештини и нуди консултантски услуги. CEED KLUB

 

Тимот на Бизнис Инфо може да го видите тука.