rz-ekonomika

За РЖ Економика периодот јануари – септември оваа година заврши со добивка од 5.379.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата евидентираше загуба од 2.840.000 денари.

Заклучно со 30-ти септември оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваа 16.326.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 9.478.000 денари.

Основна дејност на компанијата е трговија на големо и мало на резервни делови.

email