skopska-580x163

Почнувајќи од новата година, корисниците на јавниот превоз задолжително треба да поседуваат електронска картичка, којашто може да се набави во сите продажни места на ЈСП Скопје, дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации, во сите автобуси на ЈСП и приватните превозници, соопштуваат од Град Скопје.

Оттаму донесоа одлука за промотивен период од еден месец, по што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат пет гратис возења.

Персонализираната електронска картичка чини 200, а неперсонализираната електронска картичка со вклучени пет гратис возења чини 150 денари. Овие картички може да се надополнат со минимум 100 и максимум 6.000 денари.

email