zanco-tiny-kickstarter

Фото: Kickstarter

Zanco Tiny е минијатурен мобилен телефон што на корисникот му ги обезбедува сите функции како и останатите уреди од ваков тип – зборување и пишување пораки.

Уредот работи на 2G мрежа, тежи само 13 грама, долг е 46,7 милиметри, додека ширината му е само 21 милиметар. Zanco има батерија од 200 mAH што трае три дена или 180 минути разговор, а може да се наполни преку микро USB.

Овој британски изум е претставен на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде првично побара поддршка од 33.930 долари. На девет дена пред крај на кампањата Zanco Tiny успеа да собере 207.531 долари.