belgrade-venture-forum-facebook

Фото: Facebook

Српската престолнина од денеска до 15-ти ноември е домаќин на шестиот по ред Balkan Venture Forum. Над 50 инвеститори и говорници ќе се претстават пред 500 учесници на овој форум, што се одржува во хотелот Crowne Plaza.

На програмата на Balkan Venture Forum има серија од панели и предавања на коишто успешни претприемачи и лидери ќе ги споделат своите искуства и размислувања на одредени теми, а учесниците ќе имаат прилика да бидат дел од pitching сесиите на претставници на иновативни бизнис идеи и стартапи.

Во изминатите пет години, на Belgrade Venture Forum учествуваа над 2.500 лица, 350 говорници и инвеститори, а можност за претставување имале над 150 иновативни компании коишто досега успеаја да соберат над милион евра директни инвестиции во повеќе области: енергетика, одржлива енергија, производство, био – медицина и информатички технологии, пишува Блиц.

Форумот е во организација на Seven (Serbian Venture Network).

email