dogovor-rakuvanje-pixabay

Фото: Pixabay

Во првите шест месеци од оваа година се објавени вкупно 8.562 тендери, од коишто 2.033 се целосно или делумно поништени, а со преговарање без објавување оглас се склучени 208 договори за што се потрошени 7,4 милиони евра, јавува Миа.

Овие податоци ги покажува анализата за јавните набавки што ја спроведува Центарот за граѓански комуникации.

Причини за склучување на овие договори за преговарање била од технички или уметнички причини, односно од причини врзани за заштита на ексклузивни права, договорот може да го изврши само одреден економски оператор. По овој основ се склучени 128 договори чија вредност е 3,3 милиони евра или 45% од договорите. Вкупно 45 договори се склучени заради итност од набавката и немањето време за спроведување постапка за јавна набавка каде што вредноста е 1,8 милиони евра.

email