avtobus-pexels

Фото: Pexels

Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз, во второто тримесечје од оваа година во однос на истиот период лани, е зголемен за 9,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 7,7%, во приградскиот превоз за 12,5%, во меѓуградскиот превоз за 13,2%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 17,5%.

Во однос на првото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 6,1%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 2%, во приградскиот превоз е зголемен за 9,2%, во меѓуградскиот превоз за 22,8%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 11,2%.

Во второто тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е зголемен за 30,4%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 32,8%, во приградскиот превоз за 37,2%, во меѓуградскиот превоз за 7,7%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 49,8%.

Во однос на првото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 13,5%.

Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 12%, во приградскиот превоз за 12,5%, во меѓуградскиот превоз за 20,6%, додека во меѓународниот превоз e зголемен за 9,9%.

email