rabotnik-vo-industrija-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 1%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,1%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 12,8%, Капитални производи за 16,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3%.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на периодот јануари – октомври 2016 година, е зголемен за 1,8%.

email