turist-so-aparat-pexelsФото: Pexels

Бројот на туристите во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 18,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во јули 2017 година изнесува 153.435, а бројот на ноќевањата изнесува 584.014.

Бројот на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 32,8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 4,4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26,8%.

Во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8,3%, а кај странските има зголемување за 17,6%. Во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,6%, а кај странските има зголемување за 17,6%.

email